Во период од 9 до 20 февруари 2026 година, во Командата за обука и доктрини (КОД) во просториите на касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше курс за дизајнирање и менаџирање на обуката од страна на инструктори од КОД.
Целта на овој курс е оспособување на слушателите за анализа, дизајнирање, развој и раководење со обуката во единиците преку воспоставен системски пристап кон обуката во Армијата. Со овој курс слушателите ќе се стекнат со знаења од разни теми, меѓу кои идентификување на улогата и одговорноста на командантите и командирите во обуката, како и примена на ефективен организациски пристап на обучување и практична примена на стандардните оперативни процедури.
На свеченоста по повод успешна реализација на курсот, заменик-командантот на Командата за обука и доктрини полковникот Дарко Стојкоски, на слушателите од Армијата им додели сертификати и им посака успех во нивната понатамошна работа, како и имплементирање на новостекнатите знаења во нивните единици.








