Согласно билатералната соработка со Црна Гора, во периодот од 10 до 18 Февруари во Колашин беше реализирана обука во зимски услови со питомците од втора година од Центарот за обука на питомци. Обуката се реализираше согласно студискиот План и Програма за додипломски студии на питомците.
Знаењата и вештините потребни за обука ги пренесуваше стручен тим составен од двајца редовни професори на Воената Академија, професорот по физичко воспитување м-р Трајче Јанковски, професор м-р Владо Ивановски и капетан Ѓоко Христоски од Центарот за индивидуална обука.
Обуката се состоеше во два дела и тоа во запознавање со опремата потребна за скијање, нејзино подесување и користење и обука во скијање, а вториот дел обука во основите за изработка на објекти за преживување и работа во зимски услови на поединец и група.
Сите вештини од основната обука што ќе ги стекнат питомците се потребни за секој иден современ и добро обучен офицер на АРМ особено при реализација на борбени задачи за кои има потреба да се реализираат во зимски услови.
На 15-ти Февруари, питомците беа посетени од страна на командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љупчо Костовски, деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, полковник Орце Поповски, амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора г-дин Александар Василевски и претставници од војската на Црна Гора.