На ден 03.08.2025 година, воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) беше ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на големиот шумски пожар во реонот на Долнени и Чашка. Ангажманот беше реализиран во попладневните часови по барање од кризниот штаб на ЦУК и исфрлени се 20 тони вода.
Воздухопловниот ВИНГ дејствуваше во тесна координација со надлежните институции на терен, вклучувајќи го Центарот за управување со кризи (ЦУК), општинските служби, противпожарните единици и доброволците. Активностите беа насочени кон локализирање на пожарот.
Овој ангажман е дел од континуираната подготвеност на вВИНГ да обезбеди брза, ефикасна и стратешка поддршка од воздух, со цел заштита на населението, животната средина и критичната инфраструктура.
Акцијата продолжува со зголемена мобилност и координација на сите надлежни служби, при што вВИНГ останува во постојана подготвеност за интервенција и дополнителна воздушна поддршка, со цел максимално да се намали ризикот од ширење на пожарот и да се заштитат животот, имотот и природната средина.