Денес 29.04.2014 година во Здружена Оперативна Команда (ЗОК) се одржа анализа на вежбата „Македонски блесок 10“ која се изведе на Армискиот Полигон „Криволак “ во периодот од 05 – 12.04.2014 година.
На анализата пред директорот на генералштабот на АРМ генерал мајор Димче Петровски, Заменикот на Командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Павле Арсоски од страна на командантите на единиците кои учествуваа во вежбата беше извршена детална анализа за учеството на своите единици.
Од страна на директорот и раководството на вежбата ( Центарот за Односи со јавност, Биро за посетители, Ќелија за настани и инциденти, Реална логистичка поддршка, Заштита на силите) беа презентирани забелешките, заклучоците и научените лекции од вежбата.
За време на вежбата беше извршено оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска болница (НАТО оценување – Ниво 2), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, при што се покажа високиот степен на интероперабилност и оперативна способност на АРМ за извршување мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН, и демонстриран висок степен на борбена готовност за справување со задачи од висок ризик.
Во заклучокот од анализата се опфатија и други прашања кои се од суштинско значење за понатамошното планирање и реализација на вежби од ваков обем и тип.