Персонал од потчинетите единици на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП), изведе командантско извидување на правецот Скопје-Нова Брезница-Кула-Здуње-Барбарос-Челопеци-Кичево-Скопје, со цел согледување на можностите за логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата.
На командантското извидување старешините извршија извидување на просторот и неговите воено-географски карактеристики, при што ги согледаа можностите за употреба и ангажирање на единиците на брЛП и начинот на соодејство и координирање со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем на Република Северна Македонија.
Планираните активности од овој вид се значајни за извршување на мисијата на бригадата во планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата.
ЗВ/АС/БН