На ден 11.12.2025 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, беше реализирана посета од страна на делегацијата од Амбасадата на Обединетото Кралство, предводена од неговата екселенција амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон придружуван од менаџерот за проекти во одбраната г-ѓа Лидија Огненова, вториот секретар г. Тоби Ошилаја и менаџерот за комуникации г-ѓа Бела Треневска-Шотаровска.
За време на посетата, како претставник од Првата пешадиска бригада, присуствуваше заменик- командантот на 1.пбр. полковник Блерим Исмаили. Пред делегацијата од Амбасадата на Обединетото Кралство беше реализиран брифинг за мисијата, капацитетите и способностите на единицата и посета на спомен-собата во состав на касарната.
Во рамките на посетата, претходниот ден беше реализиран прием во организација на Општина Битола во „Офицерскиот дом“ во Битола, на која учество земаа и припадници од Армијата.
На крајот од посетата, командантот на Артилерискиот баталјон, потполковник Сашко Палески во знак на благодарност му врачи сувенир на амбасадорот на Обединетото Кралство, г. Метју Лосон.








