Денес, (17.10.2025 година) во посета на командата на 1.пешадиска бригада (1.пбр), беше делегација од ВС на Италија, предводена од полковник Луиги Карла од 152 регимента од механизираната бригада ,, Сасари“, која беше примена од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски и заменикот на командант на 1.пбр полковник Блерим Исмаили.
На средбата се разговараше за тековната активност со припадниците од ВС на Италија кои реализираат заедничка обука и вежби со припадниците од 1.пбр на АП ,, Криволак“ , а беше нагласена и потребата за продолжување на успешната соработка во наредниот период.
Делегацијата ги посети претставниците од ВС на Италија на АП ,,Криволак“, а ќе присуствуваат и на денот за реализација на тактичка вежба со командирско гаѓање со чета на тема: „Засилена чета во напад“.