Во касарната „Чолија“ со воена свеченост припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на 1.механизира пешадиска бригада (1.мпбр) го одбележаа денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки со началниците на секции од командата и командантите на првопотчинетите единици, делегација од Здружената оперативна команда (ЗОК), офицерот за АБХО од ГШ на Армијата и припадници на единиците во Гарнизон Петровец.
Командантот на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата се осврна на историјата на единицата, реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период, како единствена единица со посебни обврски и задачи во Армијата и државата. Исто така истакна дека декларираниот вод од чАБХО во ЛПБГ и единицата ќе биде опремена со најсовремени средства и која ќе биде употребена во НАТО водени операции и за таа цел персоналот од доменот на АБХО се школуваше во Германија, Словачка и Србија.
Единицата е составена од високо обучен кадар, кој во секое време може да обезбеди НХБ заштита како на единиците на Армијата така и на цивилните структури во државата и е единствената единица која во своето име го содржи зборот ,,ОДБРАНА“, збор за кој вреди да се положи и животот за сопствениот народ и кој нас војниците не поврзува со славното минато и не прави горди во сегашноста.
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата, а за најдобро одделение од чАБХО беше прогласено 2.одделение од 1.вод. На крајот следуваше настап на денс групата за латино танци ,,Академија Рекреатива“ од Скопје и тактичко-технички збор (ТТ -збор) на опремата со која располага единицата.
ГЃ/ЧС/ОЈ