Согласно планот и програмата за одбележување на 29-ти Октомври, „Денот на баталјонот на Воена Полиција“, на ден 03.11.2016 година, припадниците на баталјонот на Воена Полиција, водени од желбата за миг да го разубават секојдневието на децата, покрај своите професионални обврски и ангажмани, донираа прехранбени артикли и облека.
Донираните прехранбени артикли и облека беа предадени на децата од СОС Детското Село во населбата „Ченто“ во Скопје.
По топлото добредојде во Детското Село, припадниците на баталјонот на Воена Полиција уште еднаш ја покажаа својата хумана страна на дело и со скромната донација, покажаа дека не ги заборавија најмалите, пред кои претстои блескава иднина на секое поле.