Во периодот од 28.02. до 04.03.2022 година, во кампот за обука „Пепелиште“, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, продолжи планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“, преку реализација на Финална координативна конференција (ФКК).
На активноста тимот за планирање на вежбата работеше на изработка на Организациската наредба и прилозите кон истата (од секој синдикат соодветно) како и на доработка на Оперативната наредба за вежбата.
Во рамките на ФКК, беше реализиран брифинг пред командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини на кој присуствуваа командантот на 1.пбр, командантот на оценуваната единица, претставници од тимот за планирање на вежбата, тимот кој ќе го реализира претстојното оценување како и од единиците кои ќе учествуваат на Денот на високи посетители.
За време на конференцијата беше реализирано и извидување на локациите за реализација на Денот на високи посетители на АП „Криволак“.
Оценувањето на декларираниот лесен пешадиски баталјон ќе биде реализирано согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
ЧС/ЗС