Во период од 13 до 17 декември, во кампот за обука „Пепелиште“, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, продолжи планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“, преку реализација на Главната планирачка конференција (ГПК).
За време на конференцијата тимот за планирање на вежбата работеше на:
• финализирање на Планот на вежбата;
• понатамошно развивање на останатите модули од сценариото и оперативните документи за вежбата;
• листата на настани и инциденти и нивно финализирање,
• листа на персонал,
• планот за врски,
• потребите за реална логистика и
• финализирање на документите за заштита на силите.
Во рамките на ГПК, беше реализиран координативен состанок помеѓу претставници од тимот за планирање на вежбата со претставници од тимот кој ќе го реализира претстојното оценување на кој беа укажани предизвиците за успешна реализација на вежбата.
Оценувањето на декларираниот лесен пешадиски баталјон ќе биде реализирано согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
ЧС/ЗС