Во период од 21.09. до 25.09.2020 година, во Домот на Армијата во Скопје, со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата, со физичко присуство на дел од учесниците и преку видео телеконференциска врска се реализира главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Одлучен удар 21“.
За време на видео телеконференциска врска беа изработени следните документи: Преглед на настани и инциденти, план за вежбата-иницијален драфт, позитивна идентификација на побарувањата и ограничувањата за вежбата, организациска структура на вежбата, иницијален план за Денот на високи гости, дефинирање на учесниците на вежбата и на реалната логистичка поддршка.
Во рамките на конференцијата се реализира и извидување на потребните капацитети за обука на АП Криволак како и извидување во рамките на цивилно-воената соработка на општина Конче.
Продуктите кои се добиени во текот на Главната планирачка конференција ќе бидат основата за креирање на Планот за вежбата.
На затворањето на конференцијата, покрај тимот за планирање на вежбата, предводен од Директорот на вежбата полковник Блаже Николовски, присуствуваа и одбранбеното аташе на САД, потполковник Питер Ровел и началниците на секциите Ј-7 од Генералштабот на Армијата, полковник Зоран Додевски и од Командата за операции, полковник Звонко Мајсторски.
ЧС/БН