На 25 Ноември во командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛп) од страна на командантите на првопотчинетите единици и штабот на бригадата се реализира брифинг за годишната анализа на борбената готовност за 2013 година.
Командантите на единиците пред командантот на брЛп потполковник Кенан Рахиќ ги изнесоа планираните и реализираните активности, степенот на обученост на персоналот, пополнетоста со персонал и опрема на единиците, предизвиците со кој се соочуваа во текот на изминатава година, како и нивните предлози за подигање на борбената готовност.
Како заклучок на годишната анализа, командантот на брЛп во своето обраќање истакна дека и покрај проблемите со кој се соочувавме во секојдневното работење, сите поставени редовни и вонредни задачи од доменот на логистичката поддршка се реализирани успешно согласно мисијата на единицата.