Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се реализира реферирање за годишна анализа на борбената готовност за 2019 година пред Командантот на Командата за операции (КО).
Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски, за персоналот, обуката и опремата, како и текот на трансформацијата и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз борбената готовност на единиците. Од страна на командантите на првопотчинетите единици беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката како и условите за живот и работа.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека сите можеме да бидеме задоволни од напорите, залагањата и од максималното ангажирање на персоналот од КО и потчинетите единици. Исто така истакна дека степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои ја одбележаа изминатата година е на потребното рамниште и тоа темпо треба да се задржи во иднина и да се продолжи со добрата работа.
Во продолжение на активностите беше реализирана обиколка на 1. чета од 2. пешадиски баталјон, формирана согласно новата формација.
ЧС/ПА