На ден 15.12.2016 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево се одржа реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на Командантот на ЗОК бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.
На реферирањето за борбената готовност за 2016 година, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката, како и искуствата и научените лекции од учеството во мировните мисии.
На крајот од анализата, Командантот на ЗОК го искажа задоволството од степенот на извршувањето на задачите во 2016 година, укажувајќи на тежишните задачи и проекти кои ја одбележаа изминатата година, при што издаде задачи и насоки за реализација на планираните и тежишните активности за 2017 година.