Во рамките на програмите за одбележување на 17 октомври „Денот на Командата за операции“ и 29 октомври „Денот на Баталјонот на воена полиција“, припадниците од штабот на КО и Баталјонот на воена полиција организираа хуманитарна акција. Собраните средства од хуманитарната акција беа донирани на „Центарот за поддршка на деца со посебни потреби“ при ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово, центар кој ги згрижува децата со посебни потреби од општина Куманово.
При посетата на центарот, командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини им се заблагодари на децата и наставниците за топлиот прием и за несебичното залагање и придонесот на наставниците кои го даваат грижејќи се децата. Директорката на училиштето изрази благодарност што соработката помеѓу армијата и училиштето продолжува, но ја истакна и среќата и радоста на децата што се посетени од страна на лица од армијата.
Во рамките на одбележувањето на деновите на единиците, се организираа и крводарителски акции, а ќе бидат организирани и пригодни свечености.
ЈМ/БН