Во пресрет на одбележувањето на 21 Октомври – Денот на единицата”, баталјонот за врски во соработка со Црвениот крст на општина Чаир, реализира хуманитарна помош во која беа дадени прехранбени продукти, облека и дидактички средства на ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“, Скопје.
Јавната установа е дел од мрежата на Јавни установи од социјален карактер која организира услуги на вон-семејна заштита за лица со попреченост.
Со директорот и вработените во установата беше реализирана кратка посета на децата и постарите луѓе.
На крајот од средбата беше договорено и понатамошно продолжување на соработка меѓу Јавната установа и баталјонот за врски.








