Денес, 26.12.2014 година, во рамките на цивилно воената соработка, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада организираа хуманитарна акција со која беа обезбедени новогодишни пакетчиња за децата од ОУ „Пецо Даскалот“ во с. Вранче општина Долнени.
Делегација, предводена од командантот на артб, полковник Жарко Ристески го посети с. Вранче и на сите деца, ученици од 1-9 одделение во ОУ „Пецо Даскалот“ им подари новогодишни пакетчиња.
На доделувањето на пакетчињата присуствуваа градоначалникот на општина Долнени г-дин Боше Милошески и директорката на централното основно училиштето, г-ѓа Велика Кондоска.
Градоначалникот се заблагодари на припадниците на АРМ кои пред новогодишните празници се сетија на децата од ова најрурално подрачје во општината.
За оваа пригода учениците подготвија и кратка приредба.