Денес, 30 март, во пресрет на одбележувањето на Денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), припадниците од командата, штабот и приштапските единици на 1.пбр, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Гази Баба-Скопје, реализираа хуманитарна акција преку донација на основни средства за работа и реквизити наменети за деца со посебни потреби.
Средствата, обезбедени преку акцијата, беа набавени и донирани по претходна консултација со стручни лица од ООУ,,Дане Крапчев“ од Општина Гази Баба-Скопје.
Донацијата беше врачена во присуство на секретарот на ОО на Црвениот крст од Гази Баба, Здравко Георгиевски, како и директорката на ООУ „Дане Крапчев“, Адријана Младеновска.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многупати досега, ја покажаа хуманоста на дело и подготвеноста да помогнат таму каде што е најпотребно.
Соработката помеѓу Армијата и локалната заедница традиционално се одвива на високо ниво, со заложба таа да продолжи и во иднина.
ГЃ/ДЧ








