Во периодот од 13 март до 3 април 2026 година, од страна на офицери за родова еднаквост од Армијата, се спроведоа активности за информирање и разговор со припадничките од Командата за операции (КО). Активностите се реализираа во согласност со Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 2000 година, која ја опфаќа родовата еднаквост во сите фази – од планирање до извршување, како и на сите нивоа на одлучување, командување и контрола.
Целта на информирањето беше унапредување на професионалниот пристап при извршување на секојдневните задачи, поттикнување на личниот и професионалниот развој преку размена на искуства и согледување на предизвиците, како и информирање за можностите за кариерен развој.
Припадничките на КО континуирано демонстрираат висок степен на посветеност во извршувањето на обврските и задачите и претставуваат пример за професионален однос кон работата. Истовремено, тие активно придонесуваат за унапредување на родовата еднаквост и градење работна средина заснована на тимска работа, соработка и заемна почит во рамките на командите и единиците на КО.








