Во период од 02-06 декември 2013 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализира Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски блесок 10” (МБ-10). Планирањето на вежбата се реализира врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-3.
За време на отварањето на иницијалната планирачка конференција беа искажани целите на ИПК и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи за развој на третиот модул од сценариото (ООН: Резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации (СБОН) и Договор за прекин на огнот; НАТО: Стратегиска проценка на регионот, Директива за активирање на Северно Атлантскиот Совет и Директива/насоки за планирање од Стратегискиот Командант на НАТО во Европа, SACEUR (Supreme Allied Commander Europe).
Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:
- Иницијална идентификација на персонал за Контрола на вежбата;
- Првична идентификација на Листите на Главни настани;
- Идентификација на потребните побарувања кон командите и единиците од АРМ кои ја поддржуваат вежбата;
- Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука и
- Капацитети за разместување на единиците на АП Криволак.
За време на ИПК на ден 04.12 (среда) се реализира извидување на теренот од страна на раководството на вежбата и командантите на оценуваните единици со цел инжинериско уредување на реонот на разместување на единиците и креирање на услови за што поуспешна реализација на вежбата Македонски Блесок 10.