Во периодот од 07.04. до 11.04.2025 година, во просторите на командата и штабот на прва пешадиска бригада (1.пбр), се реализираше работилница за изработка на оперативната наредба (ОПНАР) за престојната вежба „IMMEDIATE RESPONSE 25“ (IR 25).
Во изработката на истата учествуваше персоналот од 1.пбр кој ќе биде дел од персоналот во составот на HICON (претпоставена команда) за вежбата IR 25.
На вежбата ќе учествуваат околу 2000 припадници од нашата Армија армиите на САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Австрија и Косово.