Во склоп на редовната на обука на пилотите како и стекнување на поголемо искуство на ден 22.11.2013 година на АП „Криволак“ беше изведено гранатирање ракетирање и бомбардирање (ГРБ) со хеликоптер Ми-24. Активноста беше реализирана успешно при што целите кои беа гаѓани беа погодени во секој налет.
Ракетирањето и бомбардирање се изведе со ненаведувани ракети со кои што се гаѓаат цели на земја, што е доста комплексна процедура за да се погодат цели на земја при што големо влијание има брзината на хеликоптерот како и временските услови.
Подготовката на пилотите за оваа задача најпрвин започнува со теориска обука по што следува вежбовни исфрлања на бетонски бомби кои со својата тежина ја симулираат тежината на вистинските бомби и на крај се пристапува кон изведување на вистинско боево бомбардирање со бомбите.
Гаѓањето се изведува под надзор на искусни пилоти кои учествуваат во целиот процес на планирање и изведување на гаѓањето. Откако гаѓањето ќе заврши се анализира целиот процес на гаѓањето и се извлекуваат заклучоци од реализирањето на активноста. Воздухопловната бригада продолжува со обука и тренинг на своите пилоти за извршување и на најкомплексните задачи кои произлегуваат од намената на единицата.