На 31 март 2026 година согласно годишниот план, припадниците на командата и штабот на Баталјонот на Воена полиција (бВП) реализираа командантско извидување и марш во зоната на одговорност.
Во текот на активноста беше извршена проценка на клучните тактички карактеристики на просторот и релјефот во зоната на извидување.
Со вакви активности, Баталјонот на Воена полиција континуирано ја одржува и унапредува својата борбена готовност, придонесувајќи кон зачувување и зајакнување на безбедноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.








