На ден 06.06.2023 година со персоналот од Командата и штабот на 1. пешадиска бригада се реализира командантско извидување и кондиционен марш.
Командантското извидување беше реализирано во реонот на Струмица. За време на извидувањето пред персоналот од командата и штабот беше реализирана географска и топографска ориентација, беа запознаени со воено-географските карактеристики на населението и досегашната цивилно воена соработка.
По завршувањето на извидувањето се продолжи со реализирање на кондиционен марш од 10 километри на релација с. Смоларе – Смоларски водопади и обратно.