Врз основа на календарот за обука на Командата за операции (КО) за 2022 година, старешините и цивилните лица од КО реализираа марш во поширокиот реон на Куманово со цел одржување и подигање на психо физичката кондиција на потребното рамниште.
Со реализацијата на кондициониот марш припадниците од КО се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со оперативно-тактичките правци на дел од зоната на одговорност.
ЧС/ЉВ