Согласно месечниот план за работа и годишниот календар за обука на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) на ден 24.09.2019 година, припадниците од командата и штабот, во рамките на активностите и задачите за одржување на психофизичката подготвеност и воено стручна оспособеност, реализираа кондиционен марш од 10 километри, командантско извидување во поширокиот реон на Чојлија и подготвителни гаѓања со АП 7.62 мм, пиштол ЧЗ 9 мм и пиштол 7.65 мм.
Персоналот од командата и штабот на бригадата со целокупната своја борбена опрема, делницата од 10 километри ја помина согласно стандардите за физичката подготвеност во Армијата, со што персоналот уште еднаш ја покажа својата психофизичка способност за извршување на задачите и покрај неповолните временски услови кои ги следеа за време на сите активности од маршот до извршувањето на гаѓањата.
ГЃ/СМ/ЧС/БН