Во месец јули 2015 година во потчинетите единици на 1. механизирана пешадиска бригада од составот на Здружено Оперативната Команда беа реализирани планираните кондиционо-тактички маршеви.
Маршевите претставуваат плански активности според календарот за обука на 1.мпбр за 2015 година и нивна главна цел е подобрување на тактичката и физичката подготвеност на персоналот. За време на маршот сите учесници, согласно програмата за изведување на тактичките маршеви, на себе ја носеа целокупната борбена опрема.
Припадниците на 1.мпбр и покрај екстремно високите температури покажаа многу висока психофизичка подготвеност и истрајност за извршување на вакви и слични задачи.
Ваков вид на форма на практична обука редовно се изведува со единиците, командите и штабовите со цел запознавање на теренот, просторот и објектите на дел од зоната на одговорност, стратегиско-тактичките правци на територијата на Република Македонија и обука на персоналот.