На ден 04.03.2026 година, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, согласно годишниот план за доброволно дарување на крв, припадниците на воздухопловниот ВИНГ реализираа крводарителска акција.
Акцијата беше спроведена во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина,при што припадниците на воздухопловниот ВИНГ даруваа 45 единици крв.
Со своето учество, припадниците на вВИНГ уште еднаш ја потврдија својата хуманост, висока општествена одговорност и подготвеност да дадат придонес за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, ставајќи ги солидарноста и грижата за заедницата како врвен приоритет.








