Согласно годинашниот план и програмата за соработка со Црвениот крст, во деновите 7 и 10.09.2020 година, во касарните „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево и „Јане Сандански“ во Штип, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, се реализираа акции за доброволно дарување на крв, при што беа собрани вкупно 122 крвни единици.
Со овие крводарителни акции припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и во услови за справување на пандемијата со вирусот „COVID-19“.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата, кои редовно учествуваат во дарување на крв, за подарените крвни единици, во вакви специфични услови.