Денес во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во пресрет на одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) и пет години од членството во НАТО, а во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на 1.пбр и припадниците од вВИНГ уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело доброволно дарувајќи 77 крвни единици.
ГЃ/ДЧ