Во пресрет на одбележувањето на 26 февруари – Денот на Баталјонот за борбено-сервисна поддршка (бБСП) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) и патронатот на касарната ,,Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, во соработка со Црвениот крст и Одделот за трансфузиологија, се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на Армијата ја покажаа и потврдија својата хуманост доброволно дарувајќи 129 крвни единици и тоа 49 во Куманово и 80 во Тетово.
Хуманоста придонесува за спасување на многу човечки животи и е одлика на секој припадник на Армијата.
ЏР/ДЧ