Денес, 05.11.2025 година, во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, по повод денот на инженерискиот баталјон (инжб) персоналот од баталјонот реализираа акција за доброволно дарување на крв.
Акцијата беше спроведена во соработка со Црвениот Крст и Одделот за трансфузиологија, а целта беше да се даде придонес кон спасување човечки животи и потикнување на хуманост меѓу припадниците на Армијата.
Припадниците на инжб и останатите единици сместени во касарната уште еднаш ја потврдија својата хуманост на дело доброволно дарувајќи 62 крвни единици. Хуманоста, пожртвуваноста и солидарноста се вредности што ги красат припадниците на Армијата.








