На ден 08.05.2025 година во касарната ,,Чедо Филипоски-Даме“ во Кичево, во пресрет на одбележувањето на денот на единицата, припадниците од Првиот пешадиски баталјон (1.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), реализираа акција за доброволно дарување на крв.
Крводарителската акција беше во соработка со Црвениот крст и Одделот за трансфузиологија, а припадниците на 1.пб даруваа 96 крвни единици, со што уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело.
ГЃ/ДЧ