На барање на Црвениот Крст во соработка со Институтот за трансфузиологија и укажаната потреба за спроведување на вонредни доброволни крводарителски акции во Армијата, во текот на изминатите два дена, во касарните„Боро Менков“-Куманово и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се организираше и се спроведе вонредна крводарителска акција. Во акцијата за доброволно крводарување беа собрани 40 крвни единици.
Припадниците на Армијата, покрај извршувањето на секојдневните работни обврски, остануваат верни на традицијата и редовно учествуваат во акциите за доброволно дарување на крв, покажувајќи ја својата хумана страна.