Во период од 02 до 06.10.2017 година се реализираше Курс за воено-медицински персонал во организација на меѓународна команда на швајцарските вооружени сили односно обука на медицински инструктори, од страна на Швајцарките инструктори со претставници на Балкански Медицински наменски Сили (БМНС) и Инструктори од Воениот Медицински Центар (ВМЦ) во Одделот за медицинска обука.
На курсот активно учество земаа:
- 5 Швајцарски инструктори,
- 15 претставници од БМНС – 5 лица од Србија, 4 лица од Црна Гора, 3 лица од БиХ и 3 лица од Словенија;
- 5 инструктори од ОМО/ВМЦ.
Целта на курсот е остварена, при што се изврши оспособување персонал од БМНС за извршување на задачи, како и оспособување на инструктори од ВМЦ за понатамошна обука на персоналот од АРМ, а со цел зголемување на интероперабилноста за изведување на здружени медицински задачи.