На ден 09.08.2014 година кај манастирската црква “Св. Великомаченик Пантелејмон” во горно Нерези припадниците на Армијата на Република Македонија во рамки на цивилно воената соработка пружија логистичка поддршка на цивилната манифестација која се оддржува по повод празникот „Свети Пантелејмон“.
Припадници од 3 логистички баталјон од бригадата за логистичка поддршка дадоа голем придонес во реализација на големата традиционална народна манифестација со подготовка и поделба на храна за 800 лица, која се подготвуваше во подвижни кујни автоприколки, од страна на искусните армиски готвачи.
Покрај поделба на храна за потребите на големиот број на присутни на традиционалниот народен собир беше обезбедена и вода во автоцистерна.