Во складот „Еребино“ во Тетово се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.
На месечното реферирање за борбената готовност, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи за претходниот месец, постигнатите резултати во обуката, проблемите во текот на реализација на истите, како и тежишните задачи кои треба да се реализираат во наредниот месец.
Во рамките на месечното реферирање беше реализирана презентација и обиколка на делаборачницата во складот „Еребино“ и магацинот за централна колекција на барут.
Командантот на ЗОК искажа пофални зборови за припадниците на ЗОК кои што земаа активно учество во гаснењето на пожарите на територијата на Република Македонија. На крајот од анализата, командантот на ЗОК, издаде задачи и насоки за реализација на планираните и тежишните активности за наредниот месец, со посебно тежиште на вежбите: „Македонски Блесок 13“ и „Здружена Реакција 17“.