Во просториите на 1. пешадиска бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец на ден 30.10.2025 година се реализира реферирање на потчинетите единици на Командата за операции (КО) за статусот на борбената готовност за месец октомври 2025 година.
Командантите на потчинетите единици му реферираа на командантот на КО, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите, задачите, активностите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност.
На реферирањето за борбената готовност, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персонален менаџмент, заштита на сили, операции, обуката и вежби, логистичко обезбедување, врски комуникации, буџетирање и цивилно – воената соработка. Учесниците во брифингот го истакнаа степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката, условите за живот и работа, како и искуствата и научените лекции од извршените мисии.
Од страна на четата за воено разузнавање беше реализирана методско показна вежба на тема „Намена, ТТ карактеристики и употреба на автономен копнен сензор“.
На крајот од реферирањето генералот Ѓоргоски посочи, дека со максимално ангажирање на персоналот од КО и потчинетите единици, степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец ноември.








