Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, беше реализирано реферирање на командантите на првопотчинетите единици кон командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Павле Арсоски за реализацијата на плановите и задачите во изминатиот период, како и за тежишните задачи за периодот кој престои. На активноста, покрај командантите, земаа учество и главните подофицери од првопотчинетите единици.
Во текот на состанокот, командантот на ЗОК реализира и кратко информирање на клучниот персонал за актуелните процеси кои имаат влијание врз животот и работата во ЗОК, како тековниот статус на реформите во Армијата на Република Македонија, со акцент на промовирање на Уредбата за униформите на АРМ и Уредбата за ознаките за униформите на АРМ, донесени од Претседателот на Република Македонија.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека со максимално ангажирање на персоналот од ЗОК и потчинетите единици, степенот на извршувањето на задачите и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи.
ЧС/ИМ/ПА