Согласно месечниот планот за обука во командата на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) се изведе воено-стучна обука на тема: „Организација на противпожарна заштита“.
Цел на обуката е подготовка и проверка на обученоста на припадниците од составот на командата на брЛП во ракување со опремата и протвпожарните средства, организациската поставеност на противпожарна заштита (ППЗ), како и мерките кои се превземаат во случај на појава на пожар.
Обуката се реализираше во теоретски и практичен дел, при во рамките на практичниот дел се изведе методско надгледна вежба , каде преку симулација на пожар се демонстрираа противпожарните средства и нивна практична примена.
Обуката од овој тип, на слушателите ќе им овозможи успешно да се справуваат со предизвиците кои се присутни особено во летните периоди во случај на пожар , со имплементација на научените неопходни против-пожарни процедури.