Денес во просториите на командата на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), командантот на бригадата, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, заедно со неговиот заменик, главниот наредник и началниците на секциите од штабот, ги прими новопоставените потпоручници во единиците на 1.мпбр.
На почетокот, генералот Ѓоргоски на новопримените офицери им посака добредојде во бригадата, добро здравје, успешна работа и добра кариера во Армијата на Република Македонија, по што следуваше запознавање на потпоручниците со дел од командата и штабот на 1.мпбр.
По читањето на наредбите за поставување на потпоручниците во единиците и гарноизоните, со краток брифинг, истите беа запознаени со историјата, организациско-формациската структура на 1.мпбр, разместеноста на нејзините потчинети единици, полигоните за обука и декларираните единици од составот на 1.мпбр.
По завршувањето на средбата на персоналот од командата и штабот на бригадата со новопримените потпоручници во единицата, истите се упатија на своите формациски места во потчинетите единици на 1.мпбр.
Во просториите на командата на 1.мпбр, денес беше реализирана уште една активност, примопредавање на должноста Началник на секцијата за обука и вежби во штабот на 1.мпбр, помеѓу досегашниот началник, потполковникот Игор Арсовски и новопоставениот потполковник Ивица Цветковски, кој до сега ја извршуваше должноста командант на артилерискиот баталјон.
СМ