На ден 17.11.2025 година, во просториите на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) и во присуство на командантот на вВИНГ, полковникот Драган Павловски, се одржа презентација од страна на припадник на Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, на тема „Воено звање – главен контролор“.
Презентацијата имаше за цел да го претстави процесот и важноста на главниот контролор, како и да ја истакне улогата на овој капацитет во подобрувањето на оперативните способности на персоналот во доменот на воздушното набљудување и јавување.
Учесниците имаа можност да се запознаат со клучните задачи и одговорности на главниот контролор, како и со техниките и процедурите кои се применуваат во секојдневната работа.








