Во период од 11 до 15.02.2019 година, на ЦО „Пепелиште“ согласно Календарот за обука и Годишниот план за работа на ЗОК, се реализираше обука на тема „Упатство за планирање и организација на Комуникациски и информациски системи (КИС).
Активноста ја водеше началникот на Ј-6/ЗОК, и на истата учество зедоа началниците на Г/А/С-6 до ниво на баталјон како и командирите на чети за врски од потчинетите команди и единици на ЗОК. Учесниците преку теоретски презентации, дискусии и размена на лични искуства ги надградија и подобрија своите знаења од областа на планирање и организација на КИС што ќе послужат при изработка на идните планови за вски.
За време на активноста беше одржана и Конференција за КИС каде беа дискутирани сите предизвици и за истите беа дадени предлози за надминување во насока на унапредување на КИС на АРМ и подобрување на искористеноста на веќе постоечките средства за врски.
Заедничкиот заклучок на учесниците на обуката е дека истата претставуваше одлична можност за проширување на досегашните и стекнување на нови знаења за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат во текот на извршување на задачите од доменот на врските, со што беше остварена целта на обуката.
ЧС/БН