Во периодот од 2 до 4 јуни 2015 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп со припадници од 1. механизирана пешадиска бригада од составот на Здружено оперативната команда се реализира обука на тема „Процес на донесување на воена одлука“.
Предавањата се реализираа од страна на мобилен тренинг тим од инструктори од Здружената команда на НАТО силите во Неапол. На обуката учествуваа офицери и подофицери од С-3 секциите (операции) на единиците од 1 мпбр.
Целта на обуката е запознавање на припадниците од 1 мпбр со стандардните оперативни процедури во процесот на донесување на воена одлука кој се применува во командите и штабовите на НАТО.
На крајот од обуката на слушателите им беа поделени сертификати за учество и успешно завршена обука.