На терените на Шар Планина и Бистра, во зоните на одговорност на 1. и 3. пешадиски баталјон (1.пб и 3.пб), согласно годишниот календар за обука беше изведена стручно-специјалистичката обука „Базирање и исхрана во природа“. Како и секоја година, така и оваа, припадниците на извидувачките водови од 1.пб и 3.пб од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) успешно ја реализираа обуката.
Целта на обуката е персоналот практично да се обучи во опстојување во природата, самостојно создавајќи услови за живот и работа, тогаш кога тоа е потребно или во услови кога нема редовно снабдување на единицата со основни намирници за живот. Обуката се изведе преку изработка на објекти за сместување, филтрирање на вода за пиење од незагадените извори со прирачни средства, исхрана, пронаоѓање и користење на артикли од флора и фауна од планините и реките во поширокиот реон на местото за реализација на обуката, како и нивна подготовка за исхрана.
Извидувачите се стекнаа со нови и ги надоградија постоечките способности со потребните техники и вештини, ја зголемија сигурноста и самодовербата во своите можности и практично ја покажа обученоста и подготвеноста за извршување на обврските и задачите во реални услови, изолирани, без секојдневни средства и намирници за живот и работа.
ГЃ/ДЧ