Извидувачко Разузнавачкиот баталјон (ИРб) во периодот од 22.09 до 29.09.2025 година, согласно годишниот календар за обука, реализираа обука во базирање и исхрана во природа.
Целта на оваа логорување е ново примениот персонал во ИРб практично да се соочи со начините на опстојувањето во природата, создавајќи си самите услови за живот и работа. Обуката се реализира во пошироките реони на село Кнежево и езерото Кнежево во општина Кратово со изработка на објекти за сместување, исхрана и користење на флората и фауната од планините и реките.
Во текот на логорувањето припадниците на ИРб уште еднаш практично ја покажа обученоста и психофизичката подготвеност за успешно реализација на обуката во реални услови и посветеноста за извршување на обврските и задачите, изолирани од цивилизацијата, без секојдневните средства и намирници за живот и работа.