Припадниците од составот на првопотчинетите единици на Командата за операции (КО) во месеците јуни и јули во Кампот за обука на вода на едно од најстарите езера во светот, Охридското, реализираа „Обука во летни услови“.
Основна цел на обуката на која учествуваа припадници од составот на Првата пешадиска бригада, Баталјонот на воена полиција и Извидувачко-разузнавачкиот баталјон беше оспособување на персоналот за работа во отежнати и летни услови. Војниците се оспособуваа во совладување на техники на пливање, веслање, совладување на воени пречки со помош на формациски и прирачни пловни објекти, спасување и давање прва помош на давеник, како и обезбедување на високи воени лица пред влез и во пловен објект.
Припадниците на првопотчинетите единици на КО демонстрираа висока заинтересираност, посветеност и психофизичка подготвеност и се стекнаа со потребниот степен на сигурност и самодоверба при изведување на разни дејства на водени површини и сигурност при работа во плитки и длабоки води, како и при користење на пловни средства.