Во периодот од 30 март до 3 април 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“, согласно Годишниот план за обука, беше успешно реализирана теренска обука на припадниците на Баталјонот на Воена полиција (бВП).
Обуката се одвиваше во реални теренски услови и опфати повеќе содржини насочени кон унапредување на индивидуалните и колективните способности на персоналот.
Сите планирани наставни теми беа во целост реализирани и успешно совладани. Преку интензивната и професионално спроведена обука, припадниците на бВП ги надградија своите знаења и вештини, со што дополнително ја зацврстија способноста за ефикасно, навремено и безбедно извршување на задачите и мисиите.
Со реализирањето на оваа обука, Баталјонот на Воена полиција го потврди своето високо ниво на обученост и подготвеност за дејствување во различни временски и теренски услови, во согласност со стандардите и потребите на Армијата.








