На 7 април 2026 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, припадниците на 2. пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада, како носител на Лесната пешадиска баталјонска група, реализираа обука со хеликоптер во соработка со инструктори од ВИНГ.
Обуката се спроведе во рамки на подготовките за претстојната вежба „Блесок – 26“, како и за процесот на оценување на борбената готовност согласно НАТО стандардите.
Во текот на обуката беа обработени повеќе тематски целини, меѓу кои: обука на маршелери, тактики, техники и процедури за влегување и излегување од хеликоптер, како и навигација при слетување. Ангажираниот персонал покажа висок степен на интерес, професионалност и посветеност при реализацијата на активностите.
ГЃ/ДЧ








